Краток прекин на гласањето е регистрирано во Липково, во избирачко место во село Лојане, поради неусогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња, потврди портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Прекинот траел додека Избирачкиот одбор не проверил дали се на број, при што е констатирано дека има толку гласачки ливчиња колку што се запишани избирачи во Избирачкиот список. Целата оваа ситуација е констатирана во посебен записник. Таму гласањето е продолжено и тече непрекинато, појасни Шабани.

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на ДИК вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.

Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место, рече портпаролот Шабани.

Досега до ДИК, како што информира Шабани, не се доставени приговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.