Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 821 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.301 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информира Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, стои во соопштението, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Сите одделенија на клиничките болници, како што велат од МЗ, располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство воедно истакнува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.