Во болниците низ Македонија вкупно се хоспитализирани 353 пациенти болни или суспектни на ковид-19, а од нив шест се на респиратор. Тие што се лекуваат на респиратор се во ГОБ „8 Септември“ каде што во последните 24 часа се примени тројца заразени со ковид-19, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација, соопштија од Министерството за здравство.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и три мајки, позитивни на ковид-19, како и 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.

Денеска министерството за здравство информираше дека се починати четворица пациенти, а 48 се новозаболени во последното деноноќие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.