Во велешката болница во изминатото деноноќие починал уште еден пациент на 71-годишна возраст од Велес, кој бил позитевен на Ковид-19.
Како што информира портпаролот на болницата, д-р Весна Неделковска Николова, на трите одделенија со пациенти со Kовид-19 хоспитализирани се вкупно 80 пациенти, од нив 63 потврдени позитивни, 9 сомнителни и 8 со негативни тестови.
Вкупно 28 пациенти се на кислородна поддршка.
На Инфективно има 51 пациент, на Физикална 18 и на Интерно 11 пациенти. На сите три одделенија има уште по некој слободен кревет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.