Откако во последниот дневен извештај на министерството за здарвство се регистрани, најмногу за еден од почетокот на епидемијата, 862 нови позитивни на Ковид-19, во 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на Ковид-19, вВкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија се искачи на 29.558.
Во истиот извештај се бележат и 14 нови починати како последива на вирусот, со што вкупниот број на жртви на болеста е 977. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 8.587.
На Инфективната клиника во последното деноноќие се примени 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани девет деца и девет мајки позитивни на вирусот, како и шест деца и четири мајки кои се сомнителни и за кои се чекаат резултати од испитувањата.
Во ГОБ „8 Септември“ има седум новопримени, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.