За вечерва е најавен протестен марш во Битола, што треба да почне од 18 часот од плоштадот „Магнолија“.
Доста беше одржување некаков си „мир“ со духот на млакоста, доста беше рамнодушност која му е во целосен прилог на тие кои сакаат да ги остварат своите задни планови и цели во кој народот се сомнева и има право да ја знае вистината.
Доста е од забрани и поделби, услови и претење со цел наметнување на прислна вакцинација. Протестот нема ниту политички, ниту национален, ниту религиозен каратнер и е со цел да се почитува сопствениот избор – се наведува во објавата Фејсбук со која се најавува протестот.
Во август беа одржани неколку протести во Битола, а на еден од нив се вареше и пиеше кафе на плоштадот, во знак на протест поради тогаш донесените ограничувања за влез во угостителските објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.