Неколку граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност. Повод за протестот е инцидентот од пред два дена кога полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност што претходно предизвикале сообраќајна несреќа.
Според најавите на организаторите, граѓаните ќе се движат од Главната пошта во Битола до седиштето на битолската полиција.
Протестот го организаира иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата, „Ромалитико“, „Романо Авази“, „Ромаверзита“, „Баирска Светлина“, „Сумнал“, „Ромско Јато“.
На социјалните мрежи се најавува и протест за поддршка на полицајците. Тој е најавено дека ќе се одржи во среда, со барање да се повлечат кривичните пријави и дисциплински постапки против полициските службеници кои „биле нападнати и неправилно суспендирани“.
Најавено е дека демонстрантите ќе се движат по Широк Сокак, а протестот ќе заврши пред СВР Битола и Јавното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.