Премиерот Зоран Заев по средбата со координаторите на Алијанса и Алтернатива, ја коментираше вербалната комуникација меѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот Венко Филипче.
Пендаровски кажа дека е срам за државата тоа што наши граѓани одат во Србија да се вакцинираат, а Филипче врати дека е разочаран од изјавата на претседателот и дека неговиот ефект во набавка на вакцините е нула.
Нападот на претседателот е несоодветен. Не ни е лесно на никој во овие мигови, прашањето е што правиме во наоѓање на вакцини. За нас како влада е слободниот избор на граѓаните e најважен. Дaли ќе оди да прими вакцина во друга држава, државата нема да учествува во изборот на граѓаните. Но нема да дава дозволи за движење на полициски час за да се прими вакцина во Србија.
Србија покажа огромен пријателски гест. Тие ги отворија граѓаните и рекоа дојдете да се вакцинирате. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја помош е добродојдена. Може поединци да одат да се вакцинираат, но не може една цела институција.
Видовме родители на пратеници, може има и некој политичар, но тоа е индивидуално. Не како институција, не како држава. Верувам дека слободата е придобивка што граѓаните ја имаат. Порано беше мисловна именка да се изговори така. И сметам дека е здраво да имаме различни мислења и несогласувања, но тоа не значи дека двајцата не се почитуваат меѓусебно, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.