Аналитичарите сметаат дека предвремените парламентарни избори во април ќе се спроведат според постоечкиот изборен модел, бидејќи нема доволно време да се воведе една изборна единица. Најавите за нејзинот воведување повеќе се политички маркетинг и маневар отколку обид да се мотивараат неопределните гласачи и да се зголеми излезноста, оценуваат познавачите.
За аналитичарот Владимир Божиновски, периодот од четири месеци е премногу краток за да се смени модулот на гласање и тоа дополнително може да го искомплицира процесот. Според него дека воведувањето на една изборна единица нема да влијае многу врз бројката на гласачите и смета дека на претстојните избори изленоста ќе биде над 60 отсто.
Љупчо Петковски од Евротинк, смета дека на априлските избори ќе се оди со постоечкиот изборен модул, пред се поради фактот што неговата промена нема да им одговара на големите партии од македонскиот и албанскиот блок.
Петковски и Божиновски се согласни дека со евентуалното воведување на една изборна единица мора да се постави и зборен праг кој би се движел меѓу 2 и 3 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.