И покрај официјалниот старт пред речиси еден месец АНБ сè уште не е во функција.

Непреземените и нововработените во АНБ сè уште работат заедно и користат исти простории и ресурси во сопственост на МВР. Агенцијата нема своја архива. А, во меѓувреме, во новонајавениот објект кој би требало да го користи АНБ не се започнати никакви подготовки бидејќи до крајот на годината се сместени други корисници.

Непреземените во АНБ се се уште нераспоредени согласно законот, што во пракса значи дека неколку стотици лица функционираат на непостоечки работни места и не вршат никакви работни задачи.

Нововработените припадници на АНБ се оневозможени да функционираат според новиот закон, велат извори од Агенцијата, бидејќи немаат легитимаци. И она што се работи, тврдат нашите избори, се врши на незаконит начин бидејќи не се составуваат записници, нема писмени задолженија и акти за работа.

Нефункционирањето на Агенцијата шанса за злоупотреби

Вработените во Агенција сметаат дека ваквиот начин на функционирање на Агенцијата, незаконската селекција на вработените и работа надвор од законски утврдените рамки останува огромен простор за продолжување на злоупотребите на службената должност и пречекорување на овластувањата.

Инаку, денеска во увид во Агенцијата беа членови на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за безбедност. Утврдија низа неправилности во процесот на следење на комуникациите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.