Собранието по повеќе од дваесет часа утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, со кое се предвидува да му се признае на „Макпетрол“ сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Пратениците од опозицијата цела ноќ со говори, реплики и контрареплики се обидуваа да го спречат носењето на овој, како што велат, спорен договор кој мириса на криминал.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ открија дека со цел да ги натераат да заминат дома и да се прекине расправата, власта се служи со подмолни трикови, како гаснење на загревањето во собраниската сала.

И во 5 часот наутро седницата трае…
Го исклучија и греењето само да не натераат да се откажеме од говорење, за да помине исплатата од 33 милиони евра за Макпетрол ветена од Заев! No pasarán”, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски од салата на Собранието каде според објавената слика седи со јакна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.