Фатмир Лимани, независниот кандидат за градоначалник на Кичево од првиот изборен круг на локалните избори во својот настап во дебатната емисија на ТВ Шења упати остри критики на адреса на ДУИ, а за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кому му е внук, Лимани порача дека „по 20-те години минати во политиката конечно треба да замине во минатото и да им даде можност на младите“.

Весникот на албански јазик „Лајм“ пренесе дел од акцентите од настапот на Фатмир Лимани во оваа емисија:

Новото парламентарно мнозинство ја има и партијата Беса, затоа што кон неа не се почитувале договорите од претходното мнозинство’: Во моментите кога не се земаат предвид договорите, тогаш доаѓа до загрозување на мнозинството’.

Лимани кажа дека ‘Заев проценил оти нема да може да го поднесе товарот на Договорот со Бугарија и дека сака да му го препушти овој товар на ВМРО ДПМНЕ’: ‘Ова е една од причините за формирањето на новото парламентарно мнозинство. Другата причина, е ‘паѓањето’ на Тетово. Опозицијата го искористи ова, за да го формира новото парламентарно мнозинство.“

„Лимани смета дека ‘е во полза на ВМРО ДПМНЕ да има брзи парламентарни избори, додека тоа не оди во корист на некои други субјекти’: ‘Во една друга ситуација на предвремените парламентарни избори ќе биде сосема поинаков резултатот.“

„Што се однесува до фактот што ДУИ ќе биде во опозиција, Лимани рече дека ја ‘предупредил структурата на ДУИ за направените грешки’: ‘Со својата изјава дадена попладнето лидерот на ДУИ сакаше да ни каже дека ја започнал и оти ќе ја заврши политичката кариера, без да му даде можност на ниту еден млад човек да направи пробив во партијата. Ова е еден вид болест на секој лидер, кој доаѓа од илегалноста, од незаконитоста. Таквите државници посакуваат да заминат без да останат без ниеден наследник. Ова е една од причините што не се создаде фигура на наследник во рамки на ДУИ.

Во објавената информација на својот портал ТВ Шења ја дополни изјавата на Фатмир Лимани, која се однесува на Али Ахмети: ‘Потребни се потребни нови фигури во политиката. Оние кои биле 20 години во политиката треба конечно да си заминат во минатото, за да им се даде можност на младите.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.