Раде Јовчевски Корчагин е убиен два пати. Еднаш од фашистите Бугари, а денес за жал од македонските власти – вака ја започнува приказната внуката на Раде Јовчевски Корчагин – Калина за Алфа ТВ.

Со трепет во гласот, неможејќи да ги потисне спомените кои навираат, зборуваше за, никогаш доволно прежалениот, народен херој. Со неколку куршуми и извик „еве ти ја слободата“, ладнокрвно бил убиен од бугарските фашисти.

Имал само 23 години кога го убиле, а неговото тело го оставиле да лежи безживотно со саати, недозволувајќи да се тргне, со цел да се заплаши што повеќе народ – вели Калина Јовчевска.

Погодена од македонските власти, кои периодов се обидуваат да ја избришат македонската историја, Јовчевска прашува какво е тоа пријателство помеѓу Бугарија и Македонија, кое се форсира, а се базира на убиства и предавства?

Поради неговите дела и борба за ослободувањето на Македонија од Бугарскиот фашистички окупатор, Корчагин два пати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство, и најмалку два пати мачен од бугарската полиција.

Mожам само да порачам да не се плука по гробовите на оние кои го дале својот живот за слободата на Македонија. Да се престане на се гази по достоинстото на нивните потомци – вели Калина Јовчевска.

Корчагин своевремено се борел против искривување и фалсификување на историјата и вистината за Илинденското Востание од тогашната фашистичка Бугарија. Сега, сме сведоци на повторно фалсификување на нашата историја, овој пат, од Европска Бугарија.

Видео разговорот на следниот линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.