Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма рече дека она што го ветува ВМРО-ДПМНЕ во програмата Обнова на Македонија ќе го испорача пред граѓаните, посочувајќи дека кога се зборува за обнова пред се се зборува за вредности, чесност и работа.
Внимаваме што ветуваме, затоа што чуда се невозможни, а ние не сме волшебници. Тоа што го ветуваме е содржано во оние 360 страни и буквално сето она што што е содржано ќе го испорачаме затоа што тоа е мерливи резултати и ќе можат граѓаните да го видат. Точно знаеме каде погрешивме и сето она кое што го дијагностициравме нема да го повториме. Не велам дека 100 проценти во тоа ќе успееме, невозможно е. Но, барем да има некаков напредок во првите 100 дена, еве би рекол и првата година народот ќе биде среќен и јас ви гарантирам дека луѓето повторно ќе ја вратат насмевката на своите лица. Ние денеска кога се бориме за обновата се бориме за систем на вредности, трудољубивост, вредност, чесност и работа, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.