Тешки услови за сообраќај во моментов има на автопатот „Мајка Тереза“, откако снегот утрово повторно ги изненади надлежните. Неисчистениот коловоз го прати патот од Скопје кон Тетово и Гостивар, па сè до превојот Стража, каде автомобилите едвај се искачуваат.
Иако метеоролозите најавуваа снег токму за денеска, институциите повторно потфрлија пред снегот.
Од Јавното претпријатие Македонија пат, кое е надлежно за чистење и одржување на патиштата низ земјава, утрово објавија дека „дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, додека сликата на терен е сосема поразлична.
Директор на претпреијатието е Беким Мемеди, додека како заменик-директор фигурира Самка Ибраимовски.
Автомото сојузот на Македонија информира дека поради обилни врнежи од снег, забрани за сообраќај на тешки моторни возила има на следниве патни правци:
Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража
крак Маврово – Жировница
Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека
Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато
Струга – г. п. Ќафасан
На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.
За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.