Секоја година барем по еднаш во стилот на старата пропаганда се појавуваат текстови со намера да се потсетат македонските граѓани за тоа дека бугарските фашисти во 1944 година ја запалиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Така и вчера про-југословенските медиуми на ДПМНЕ, уште еднаш ги реобновија познатите пропагандни лаги, се вели во соопштението од ВМРО НП.
Во продолжение на соопштението се додава:
Фактите за жал го зборуваат спротивното. Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје има над 100 години докажана традиција на приврзаност кон бугарската егзархија, каде патем во нејзините простории се отворени првото бугарско црковно-словенско училиште во Скопје и бугарското педагошко училиште каде учел и Тодор Александров, а директорувал Христо Матов.
После рефрендумот 1870 година кога скопјани масовно се изјасниле за припадност кон бугарската егзархија истата црква станува седиште на и формално првиот бугарски владика во Скопје.
Самата црква од страна на бугарските власти е прогласена за катедрална црква, а да не зборуваме за тоа кои се владици поминале низ таа за скопјани значајна црква.
Точно е дека бугарските фашисти биле многу лоши луѓе ама па не биле и будали да си го запалат најголемиот доказ за нивното присуство во Скопје.
Пожарот во црквата уште тогаш е добро документиран и докажан дека е започнат од помошните простории каде што била сместена кујната и дека се работи за чист инцидент.
Време е да ги напуштиме старите југословенски пропаганди, да не го потпалуваме јазикот на омразата секој ден што е очигледно за некои опозициски партии во Македонија и да почнеме да зборуваме со јазикот на фактите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.