ВМРО-Народна партија денеска објави соопштение во кое се наведува дека нивниот лидер, Љубчо Георгиевски, при својата посета на Бугарија остварил повеќе состаноци со кои се обидел да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок.
Тој остварил средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов.
Како што информираат од ВМРО-Народна, Георгиевски во рамки на состаноците, тој ставил „ посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо, сепак, има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од нашите соседи“.
Соговорниците, пак, потенцирале дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, ниту нов посебен договор, но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со акцент на историската комисија, информираат од политичката партија.
Било заклучено и дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.