И по девет месеци од корона кризата Филипче никако да се свести што се случува. Заклучно со вчерашната статистика на министерството за здравство 1.238 семејства се завиени во црно. Свесен ли е Филипче дека тоа не е само бројка, станува збор за човечки животи, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Црните рекорди на Филипче на ставија Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од КОВИД – 19 на 100 илјади жители. На неспособниот Филипче во фокусот му се неговите бизниси и бизнисите на Заев кој ја предводи владата. Во меѓувреме за граѓаните нема терапија, нема услови за лечење. Прашуваме зошто на заболените во јавните здравствени установи не им се дава терапија која ја има на приватните клиники за пари?- велат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат зошто граѓаните собираат донации на Фејсбук за да се лекуваат во приватна клиника?

Филипче девет месеци нема одговори за ништо. Токму затоа Филипче треба да замине од министерската функција. Филипче време е за одговорност!- велат преку соопштение од опозицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.