Поставување на модуларната болница во Тетово воопшто не било потребно. Во состав на тетовската болница постои зграда од тврда градба со два ката целосно слободно, на кои им било потребно само опремување и тие можеле да бидат наменете за згрижување на КОВИД болни, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто не се искористени празните капацитети на тетовската болница, иако ги имало, туку Филипче и Хасани се впуштиле во нов трошок по буџетот за поставување на модуларна болница? Дали трката по нечиј профит била поважна од квалитетот на градбата во која ќе бидат сместени пациентите?

Покрај пропустите при поставувањето на модуларната болница, нејзиното одржување, и пропустот со материјалите кои биле вградени, Филипче и Хасани имаат одговорност и зошто не ги искористиле сите капацитети кои ги имаат, туку пребегнале кон трошење на народни пари за изградба на контејнерски болници, кои видовме дека горат како кибрит.
И сега истите овие Филипче и Хасани, не само што не си дадоа оставки, туку глумат одговорност, туку и ЈО со неповикување на сослушување ги штити и им овозможува да влијаат врз потенцијалниот тек на истрагата.

Наместо сослушување и повикување во ЈО на директно повиканите за овој случај, ЈО ги повикува роднините на починатите како тие да ја граделе, и одржувале болницата, а не владата и министерството за здравство на чело со Филипче и Хасани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.