Таканаречената новата концепција за основно образование е сè само не концепт за образование. Според презентираното, ниту е „постигнат концепт“ ниту пак е тоа во некаква близина до финскиот модел. Ова е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за најавениот нов концепт за основно образование.

Нивната реакција главно се однесува на тоа зошто предметот историја да се интегрира во општествени науки кога се оспорува идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.

„Зошто учениците во новата концепција, не би имале барем една година национална историја, како што има во други земји? И во финската програма постои Историја како водечки предмет со социјални студии од 3-то до 9-то одделение. Оттука, по чиј налог и програма е избришана историјата како предмет?“,

реагираат од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.