ВМРО- ДПМНЕ поради три дневната жалост и почит кон трагично загинатите нема намера да внесува политика во случајот ниту тоа да го прави во иднина, но јавноста по завршувањето на тридневната жалост, утре на прес-конференција заслужува да ја знае вистината, а воедно и да се разјаснат некои дилеми кои се наметнаа во јавноста, во обид да се заташка случајот и да се сокрие нечија одговорност, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Згрозени сме како власта на крилата на трагедијата се обидува да ја минимизира одговорноста, ако знаеме дека сите послуги и институции се во нејзини раце. Очигледно е дека овие пропусти траеле неколку години само и само незаинтересираноста на власта, но и коруптивноста на нејзиниот систем.
Граѓаните од утре па натака заслужуваат да ја знаат вистината и одговорите, за да не заврши овој случај како одговорноста со модуларната болница во Тетово или несреќата кај Ласкарци, стои во изјавата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.