Извршниот и централниот одбор на најголемата опозициона партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ денеска донесе одлука да застане зад кандидатурата на Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје. Ваквата одлука во моментов ја соопштива лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Скопје мора да стане град на сите луѓе. Имавме во предвид дека потребно е да се решение кое ќе може надпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе. Токму затоа ИК, а потоа и ЦК донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Даниела Арсовска, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.