Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера и денеска продолжуваат со акцијата „Пратениците со народот“, посетени голем број на населени места и остварени средби со стотици граѓани кои гласно ги соопштуваат проблемите со кои се соочуваат.
Пратеничките Јадранка Поцкова и Ели Панова ги посетија населените места во Струмичко, с.Сачево и с. Просениково, а таму граѓаните сакаат промени и смена на оваа ненародна власт.
Се жалат граѓаните на неисплатени субвенции од минатата година за житариците. Млекото се дава по многу ниски цени. Ниски цени на раноградинарските култури краставицата и пиперката. Последните 5 години заради партиски вработувања , голем дел од младите се иселуваат. Неисплатени се субвенциите за зелката по 3 денари на килограм, пренесе пратеничката Поцкова од Струмичко.
Земјоделците се жалат на несигурен откуп и ниски откупни цени за земјоделските производи, на проблеми со субвенциите, проблеми со платежната агенција односно дека не излегуваат на лице место за увид во посевите и велат дека донесени се паушални решенија.
Лошо се живее, во државата не владее правото, не постои никаква сигурност затоа младите се селат и се откажуваат од обработка на нашето земјиште. Локалната власт не реализирала ништо од ветените проекти, во Сачево нема ниту канализација а во Просениково се жалат на немањето систем за наводнување, користењето на сопствените ископини е скапо бидејки нафтата е скапа. Иако на неколку километри до Струмица овие две населени места се целосно запустени, а пристапот до селата се тесни патишта со дупки по кои неможат да се разминат 2 кoли, пренесе пратеничката Ели Панова од Струмичко.
Пратеничката Ангелинка Петкова ги посети населените места Ѓаково, Стојаково, Селемлија, каде граѓаните навистина се незадоволни од неисполнетите ветувања на власта.
Сточарите се жалат на неисплатени субвенции за 2020 и намалени субвенции за млекото за 2 денари, несигурен откуп и ниски откупни цени за земјоделските производи, покачена акциза за нафтата, се дел од бројните проблеми кои се соочуваат граѓаните во овие населени места, пренесе пратеничката Петкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.