„Македонија е завиена во црно бидејќи Зоран Заев, донесе срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјата, се вели во утринското соопштение на опозициската партија. Од таму додаваат дека СДСМ и Заев насилнички по пат на уцени, закани и пазарења ја погазија волјата на граѓаните и го променија името на Република Македонија, иако македонскиот народ јасно на референдум порача дека е против промената на името и договорот.
„Аболицираниот криминалец Зоран Заев без ронка срам предвреме ја преименува сопствената татковина, иако договорот се уште не е стапен на сила. Заев кој се колнеше во своите предци и сопствените деца дека нема да го менува името на Република Македонија, сега прославува и се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја. Ќе остане запишано дека 81 пратеник спротивно на волјата на граѓаните, противуставно, противзаконски на нелегален и на криминален начин го променија името и идентитетот на Република Македонија”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ќе сторат се што е во нивна моќ неправдата која Заев и СДСМ и ја нанесоа на државата да биде исправена.
„Затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои оваа криминална и црна власт ќе биде жестоко поразена. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за погазувањето на волјата на народот и за сите црнила кои и ги нанесоа на Република Македонија”, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.