Заев, премиерот во заминување да си оди и од СДСМ по најголемиот пораз во историјата на локалните избори. Заев е делегитимиран од народот. Со пораз од над 100.000 гласови, народот покажа на 31-ви октомври дека Заев не треба да биде ниту еден ден повеќе на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев изгуби во над 40 општини.
Народот му даде црвен картон на Заев, премиерот во заминување, кој треба да си замине и од СДСМ.
Колку побргу Заев си замине од политичката сцена, толку подобро за државата.
Зад себе тој ќе остави само криминал, корупција и сиромаштија која ја донесе за народот. За првите две работи ќе одговара, а за третата тој и неговата партија долго време ќе бидат опозиција.
Време е за промени. Време е за проекти и победи – се наведува во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.