Заев да си даде оставка од партијата и владата, три пати лаже дека ја сфатил пораката, за да може да продолжи да краде, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на синоќешното интервју на премиерот за ТВ 21.

Според нив, „на 22.04.2019 година за време на претседателските избори Заев доби метла на митинг, што требаше да биде метафора за чистки во власта.

Тогаш Заев кажа дека ќе има реформи, кадровски промени и промени во пристап, но ништо не се случи. И сега повторно Заев вели дека ја сфатил пораката и повторно како и два пати до сега лаже, а лаже за да краде. За Заев нема простор за уште една шанса. Тој ги прокоцка сите шанси. Ги прокоцка нашите пари, дел од нашите животи и илјадници судбини.

Македонија избра промени. Потребен е само уште еден чекор. Масовна излезност на 31 октомври и поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Да создадеме нова иднина, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.