ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев и луѓето околу него вршат притисок на пратениците кои се за рушење на владата.
Губитникот Заев да оствари барем едно ветување, да си поднесе оставка и да престанат заканите кон пратениците кои ја рушат владата. Девети ден, откако Заев требаше да биде заминат, а тој наместо да си поднесе оставка се крие. И додека се крие Заев, луѓе околу него, и тој лично вршат притисоци врз пратениците кои ја рушат владата. Притисоците на Заев не даваат плод, народот веќе еднаш ги порази неговите притисоци на 31 октомври, ќе ги порази пак, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата оценува дека колку повеќе СДСМ притиска и се заканува, толку повеќе народот се разгневува и казната и падот ќе бидат политички фатални за СДСМ.
Ги повикуваме и пратениците од СДСМ кои не се согласуваат со политиките на Заев, со криминалот, корупцијата и рекетот на една тесна клика која ја заробила и нивната партија, да се охрабрат и да изгласаат недоверба на владата. Време е државата да се ослободи од Заев и тесната клика околу него која го држи целиот систем во заложништво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.