Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Зоран Заев и Димитар Ковачевски со грабеж на деценијата ја продаваат АД Славија со сиот имот за 200.000 евра.
Само управната зграда на АД Славија со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. Дополнително магацините на АД Славија во Кисела Вода со земјиштето околу нив вреди над 4 милиони евра.
Само управната зграда и магацините чинат над 13 милиони евра.
Деновиве кои што се пред нас ќе го објавиме целиот имот на АД Славија кој што СДСМ сака да го продаде и тоа само за 200.000 евра.
Од авион се гледа дека некој близок до врвот на власта по шема од транзицијата купи ефтино продај скапо треба да профитира од АД Славија.
Ја повикуваме власта да запре со багателното распродавање на државниот имот за сметка на ќарот на поединци – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.