Заев и Филипче целосно потфрлија. Бројот на ново заразени од коронавирус на дневно ниво не паѓа под 200. Само во текот на вчерашниот ден имавме нови 225 заболени и 8 починати. Здравствениот систем менаџиран од Заев и Филипче не може да се справи со проблемите предизвикани од коранавирусот, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е на прагот на есента и бројките се троцифрени. Уште не е почната сезоната на грип, а ние веќе имаме наплив на заразени. Ако состојбата е алармантна денес, што можеме да очекуваме за месец или два?! Државата е буквално пред колапс на здравствен план и за тоа Заев и Филипче мора да сносат одговорност. Несериозноста оди до таму да нема ниту сезонско вакцинирање против грип, а сезоната на грип само што не почнала. Македонија беше единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на корона вирус, туку е во континуиран бран од почетокот на пандемијата до денес. И бројките не се намалуваат туку растат од ден во ден и секој ден имаме нов пик. За ова одговорност мора да има. Дотолку повеќе што Филипче тврдеше дека бројот на заразени нема да надмине над 2000 – стои во соопштението на ВМРФО-ДПМНЕ.
Оттаму потенцираат дека власта нема план за справување со кризата покажува и тоа што често заболени имаме и деца од градинки, но и од училишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.