Зоран Заев катастрофално ќе изгуби на наредните локални избори, зошто криминалната коалиција СДСМ и ДУИ носи само уназадување, стагнација, пропаст на економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коалиција заради која секој ден се повеќе млади ја напуштаат државата, секој ден се затвораат по 10-тина фирми и остануваат по стотици луѓе без работа.

Потрошени и неспособни кадри за кандидати за градоначалници на СДСМ. Во изборот на СДСМ за кандидати се криминалци, неспособни, малтретирачи на жени, шверцери на цигари. СДСМ и ДУИ може да се пофалат само со ликови кои знаат и умеат со криминалот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Почнувајќи од неработникот Петре Шилегов, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, па завршувајќи со малтретирачот на вработени Ацо Велковски се предлозите на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Граѓаните видоа колку се неспособни пред само неколку дена, кога пола Македонија беше во пламен, а Заев, неговите министри и градоначалниците уживаа и одмараа на плажите во соседството.

Со секое појавување на Заев пред јавноста и со секој негов настап последниве денови се качува бројката на мигранти кои ќе ги згрижи Македонија.

Ќе го добие Зоран Заев одговорот од граѓаните за многу брзо. Заев, Филипче, Шилегов и останатата банда од криминалци ќе бидат казнети на 17-ти октомври, порачуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.