Заев со изјавата дека е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“, значи дека е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Со тоа што Заев изјавува дека на спомен обележјата каде пишува „бугарски фасистички окупатор“ е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“ значи дека јавно изјавува е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет.

Заев на јавна сцена признава дека тргува со идентитетот и е подготвен да прифати ноторен факт и вистина дека бугарската држава за време на Втората светска војна била фашистичка и биле окупатор, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, на овој начин Заев продолжува со политиката на свиткана кичма и предавнички отстапки кои говорат дека Заев е најдобриот ас во Македонија на бугарската политичка сцена.

Заев освен што ја ретушира историјата и идентитетот на Македонците тој и го укинува предметот историја. Заев е прв пример на премиер кој за личен интерес продава идентитет на цел народ и земја, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.