Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис кој ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
За доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис.
Електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци.
ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата на граѓаните, ќе повикаме на масовно попишување на населението во државата и на сите македонци од дијаспората. Ќе има трага, а при промена на власта ќе бидат детално разгледани злоупотребите при пописот за што ќе има и одговорност.
Заев има шанса да се откаже од фалсификатот и да прифати електронски попис – порачуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.