Зоран Заев да каже колку пати на „братот“ Бојко му рекол да не ја блокира Македонија и дали се спротиставил на сите кочења кои неговиот „брат“ и ги приредил на државата?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев ја изрезили државата.
Додека Македонија тоне на сите полиња, и немаме вакцини, бидејќи сме на 118 од 122 места на листата на Блумберг по број на вакцинирани.
Моментално сме на 5 место по невакцинирање и на 5 место по починати.
Кримималот цвета, на родилки им се вадат органи, а парите на народот се трошат за непотребни тендери за набавка на софтвери.
Драги Рашковски, кој е човекот зад криминалот со софтверот никаде го нема.
Заев да каже дали Рашковски е во Мексико и дали бега од одговори додека во Македонија топ тема е неговиот случај и сомнежите за криминал.
И додека криминал има на сите страни, тука е Заев да се замеша во се. Заев не кажува зошто се јавувал на Деве Баир за поминување на 5 возило. Што имало во нив и зошто после се бришани полициски извештаи?, реагираат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.