Срамота е кога цела влада на чело со Зоран Заев се собира за да предаде во употреба едно амбулантно возило, кое немаше да биде ниту набавено доколку директорот на болница јавно не молеше за помош, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната донација на семејството Заеви на болницата во Струмица.
– За пусти политички поени Заев направи настан, за случај од кој треба да се срами, затоа што градот кој го водел 10 години го оставил без доволно болнички возила, а како премиер 4 години ниту во Струмица, ниту во било кој друг град набавил амбулантни возила, па мора да се слика со возила кои се донации – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија со 530 илјади евра кои само градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги дава за диносаурусите и лампионите, можат да се набават 15 болнички возила.
-Но секако диносаурусите во ек на пандемија се поважни од амбулантни возила.Останува сомнежот дека зад ваквата раскалашеност се крие бизнис. Имено омилената струмичка фирма на Заев за обезбедување која доби 26 милиони евра државни тендери и тендери од ЕВН најавува приватна брза помош. Дали намерно не функционира брзата помош за да може и овој бизнис да се земе во рацете на Заеви?Дали граѓаните треба повторно да бидат жртва за некој утре да може да ниже дебели профити? – праша ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.