Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи туку кога. Едноставно дојдовме до степен кога не постои ниту тронка надеж дека било што ќе се подобри. Затоа се знае, народот ќе каже доста е на наредните предвремени парламентарни избори. И за таквиот пад нема да помогнат ниту аберите од некои кругови на власта за да се прогледало низ прсти за некои случаи, или пак оние сведоштва првиот крадеше повеќе, ниту пак оние обиди за инсталирање на некаква послушна опозиција. ВМРО заедно со народот и секој слободномислечки Македонец ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој денеска оддржа прес-конфернција во седиштето на партијата, каде зборуваше и за можен протест на опозицијата против случувањата во државата.
-И не сакам да звучам отсутно, и ќе кажам дека ги слушам сите ние кои говорат ајде пожестоко, на улица, бунт против оваа власт. Голем дел од овие луѓе ја сакаат Македонија. Ги разбирам, и знам дека не им е сеедно и дека срцето им се кине исто како моето, кога во сопствената земја својата држава ја гледаат окупирана од неодговорна и неспособна власт и како им се одзема иднината која е нивно право. Но јас ќе им порачам дека им ветив битка до последниот здив, и стојам на тоа. Но дека им ветив победа. ВМРО започна со рушење на оваа неодговорна Власта кое секогаш и не е изразено преку протести и собири кои ги имавме и во зимата и преку минатото лето, а не исклучам и дека пак ќе ги имаме, уште пожестоко и уште помасовно. И тоа рушење кое реков дека веќе е започнато, секој од вас го гледа освен тие што свесно не сакаат да го видат, рече Мицкоски
Мицкоски додаде:
„Воедно историјата не учи никогаш да не се избрзува со неподготвени отпори и спротивставувања на силите кои и пркоселе и ја одземале нашата слобода. Воедно следува период кога ќе се одлучува и за Европската Индина, и ВМРО нема да биде алиби за можниот неуспех. Треба да знаеме дека имаме нечесна власт која пак треба да знае Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал. А народот и ВМРО ќе победат убедливо, зошто таква победа ни треба, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. И одговорност, мора да има одговорност. Немам намера за никаков компромис со никој кој се огршил спрема законот без оглед на кого се работи. А тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде земјата да се сокријат“.
Заев, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е на колена и веќе нема кредибилитет оваа влада која тоне во сопствениот неуспех.
-Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот во кој силно верувам. Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.