По пишувањата на дел од албанските и македонските медиуми дека ВМРО-ДПМНЕ наводно веќе договорило коалиција со ДУИ за формирање на влада, „Република“ побара став од ВМРО-ДПМНЕ во однос на ваквите информации. Оттаму ни изјавија дека нема да коментираат непроверени информации.

ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме, ниту демантираме, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ за „Република“.

Претходно вечерва повеќе македонски медиуми на албански јазик објавија дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги финализирале преговорите за формирање влада, повикувајќи се на неименувани извори од партијата. Според пишувањата, лидерите на партиите наводно се согласиле за премиер да биде поставен поранешниот министер и амбасадор, Лазар Еленовски, кој ќе се декларирал и за Албанец и за Македонец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.