Откажувањето на вонреден конгрес на иницијативата Мериот за ВМРО-ДПМНЕ е уште една пропадната инвестиција на Зоран Заев. Во кусото партиско соопштение опозициската партија наведува дека ова е најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави, но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев.

ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Уште еден пораз за тоа да се инсталира контролирана опозиција. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите. Македонската пролет доаѓа, стои во кусото соопштение.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.