Одлуката за напуштање на Собранието на пратеникот Игор Дурловски е негов личен став кој ние го почитуваме, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица 5 вечерва соопшти дека го напушта Собранието.
Тоа е личен став на Игор Дурловски кој ние го почитуваме. Како што кажува и самиот, останува верен на Македонија, но и на Коалицијата „За обнова на Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој, меѓудругото, останува стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакнуваат од партијата.
Игор Дурловски го напушти Собранието и се откажа од пратеничката функција. За тоа ја информираше јавноста преку својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.