Скандалот „Мафија“ и третманот од страна на надлежните на истиот покажува дека во Македонија правда нема. Оваа власт предводена од Заев и СДСМ не знае што е правда во вистинска смисла на зборот. Граѓаните гледаат дека правда кога СДСМ е на власт е кога за криминалци, лица блиски до власта не важи законот, стои во денешното пзртиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека за случајот излегоа виновни лица кои одлучиле поради икс причини да ја преземат вината на себе.

– Тоа се само жртвени јагниња, само за да не одговара главниот виновник Оливер Спасовски. Очигледно е дека во договор со нивните началници и повисоките структури во министерството на Спасовски, луѓето одлучија да ја преземат вината и да одлежат две години. ВМРО-ДПМНЕ прашува каде е финансиска истрага за парите, зошто нема потерници за мафијашите? Ова вака нема да помине. Сите осомничени ќе излезат пред лицето на правдата, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив сите што се инволвирани во овој случај треба да знаат дека половина балканска мафија, албанска, турска, црногорска, италијанска, па и шпанска мафија имаат македонски пасоши и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде нема за овој случај. Најавуваат разрешница на случајот според сите меѓународни стандарди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.