Кандидатката за член на Советот на Општина Охрид, Александра Настоска-Николоска, објави голе број проекти во Долно и Горно Лакочереј кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“.

Настоска-Николоска за во Лакочереј најави реконструкција на училиштето, санација на Домот, детски игралишта, асфалтирање улици, канализационен систем, односно проекти за сите категории граѓани.

Охрид и Лакочереј заслужуваат подобра иднина и проекти во интерес на сите.
За таа цел гарантираме:

 

Изградба и доизградба на канализационен систем во Долно и Горно Лакочереј.

 

Асфалтирање на главни и споредни улици и проширување на дел од нив. Одржувањето на улиците во Долно и Горно Лакочереј има да биде наша континуирана задача и обврска.

 

Изградба и реконструкција на детски современи игралишта во Долно и Горно Лакочереј.

 

За Долно Лакочереј се обврзуваме на реконструкција на ПОУ „Кочо Рацин“.

 

За Горно Лакочереј гарантираме Санација на Домот.

 

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“! – порача Настоска-Николоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.