Филипче и на полноќ да ги објави резултатите нема да ги покријат траорните бројки. Филипче не дава оставка, а тоа е најмал чин кој може да го направо во оваа ситуација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче бидејќи не дава оставка го прашуваме дали чувствува задоволство во својата фотеља кога гледа како се губат животи.

Соодветна терапија нема секаде и за секого, затоа прашуваме зошто озонската терапија ја нема во јавното здравство односно се дава редуцирано додека за пари во приватното здравство ја има.

Не само што нема соодветна терапија и доволно истата и не е достапна сегаде и за секого, граѓаните умираат по пат до болница или во болнички ходници или оние кои стасуваат во болница се лечат во руинирани објекти.

За црните рекорди Филипче мора да одговара.

За црните рекорди Филипче оставка – веднаш, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.