Поради криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ за време од 11 години направи едвај само 7 километри автопат, а остави хаос, нерешени проблеми, бандери на сред пат, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

За само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги реши сите наследени и нерешени проблеми. Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци, со решени имотно правни проблеми, со обезбедени проекти, надвозници, заштити.

Четири експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш. Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри, стои во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.