Македонија и граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста и корумпираноста на СДСМ и Зоран Заев. Земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани.
СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата.Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните.
Мерките во здравството не се ништо подобри. Недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани.
Медицинските лица се оставени без соодветна заштитна опрема. Немаат визири, маски, скафандери, ниту ракавици. Затоа над 17% од заразените се медицински лица.
Власта наместо да смислува нови начини како да им земе, нека почне да им дава на граѓаните и бизнисот. Уште денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.