Заев го изгуби не само мнозинството во Собранието, туку го изгуби и легитимитетот од народот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните јасно и гласно кажа дека Заев мора да престане со својата штетна и деструктивна политика. Оставката која ја најави и пред изборите и после изборните резултати се единственото нешто кое што Заев има шанса да го оствари и на тој начин да стави крај на агонијата во која ја доведе Македонија. Поразот на Заев од 100 илјади гласови е јасен и гласен сигнал дека на Македонија и требаат промени кои ќе почнат со промената на Заев. Народот бара да престане тонењето на државата, бара да се стави крај на криминалот и корупцијата на власта на Заев, но пред се да се стави крај на тонењето во економската, енергетската и здравствената криза. Не може Заев, човекот поради кој сме до гуша во сите овие кризи, да биде решение за истите. Неговите лаги, пазарџиство, неодговорност и неспособност направија доволно штета на Македонија, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Заев мора да замине час поскоро, за доброто на Македонија. Тоа е волјата на народот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.