Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, води во Кичево по првиот круг од локалните избори.

Јовановски ја доби поддршката од 8.801 граѓанин (38,42%) и во вториот круг оди со предност пред кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник, Фатмир Дехари, кој доби 8.545 гласови (37,30%).

На третото место според освоените гласови во првиот круг заврши независниот кандидат Фатмир Лимани, кој освои 4.527 гласови (19,76%).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.