ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го штитат СДСМ и Зоран Заев кои се симболот на криминалот во Македонија, а и пошироко. Напротив криминалот на оваа власт ќе биде разобличен. Толку за обвинувањата на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ и власта на Заев владее тотална шизофренија. На виделина излегоа крупни скандали кои покажуваат дека токму власта на Заев и лично семејството на Заев се тесно поврзани со трговија со дрога, со штанцање официјални документи на белосветски криминалци и мафијаши и никој повеќе не верува во Македонија дека тоа не е правено со амин на највисоките структури на власта.

Единствено кое е саботирано во моментот е нарко – системот и криминалната мрежа. Лица кои издавале пасоши на нарко – мафијаши се блиски луѓе на Спасовски и тоа е само дел од сантата мраз. Но тоа не е се, лице кое е уапсено со дрога вредна 800 илјади евра е началник на полициска станица назначен од Спасовски, кадар на СДСМ, а лице кое било дел од претходницата на нарко – пратката е личен шофер на братучедот на Зоран Заев.

Полека но сигурно излегува на виделина мафијашкиот сојуз на криминалот и власта и затоа се овие панични и ступидни прес конференции на СДСМ.

Одговорноста ќе ги стигне, а како што ќе доаѓа времето, така стравот и нервозата ќе растат во СДСМ и кај Заев, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.