Во СДСМ раскол пред изборите, никој не се нафаќа да оди во пораз, единствено старите и компромитирани кадри, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидира Сугарески кој смени пратенички, министерски и директорски места за сега по кој знае кој пат да алудира за нова функција. Во Прилеп никој не сакал да губи, единствен кој се нафаќал на пораз е вечниот функционер на СДСМ, Сугарески, кој заедно со фамилијата на власт пустошеше изминативе години. Иста е ситуацијата и со Велес. СДСМ нема кандидат кој ќе се нафати да трча освен некој стар истрошен кадар како Марјан Николовски, велат од партијата.

Од таму додаваат дека поголем број општински ограноци откажуваат послушност на Заев заради се поевидентниот пораз на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.