Народот ќе одбере нова иднина и надеж, дадете поддршка за бројот 7 во сите општини и 82 за градот Скопје. Народот во првиот круг во огромно мнозинство покажа дека сака промени. Бранот на победи за промени тргна, и тој ќе биде уште посилен во вториот круг од изборите, во недела на 31 октомври, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат проекти како да ги решат секојдневните проблеми на граѓаните. Никогаш повеќе канализација и водовод да не бидат тема на избори. Во недела конечно да го зададеме финалниот удар на власта за криминалот, корупцијата и рекетот кој го практикуваат, и заради што земјата е на врвот на листите на корупција во светот.

Народот има желба за подобро утро. Надежта е родена и ние се обврзуваме да работиме чесно за народот и државата, за нови инвестиции, решавање на инфраструктурните проблеми, чисти општини, здрава животна средина, за промените кои ги посакуваме потребна е уште една масовна излезност и поддршка кандидатите со бројот 7 за општините и 82 за градот Скопје. Поддршка и за кандидатите кои се против власта, а каде ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.