Власта сака имотот на АД Славија кој вреди над 20 милиони евра да го продаде за 200 илјади евра на лица блиски до Заеви.

Имотот на АД Славија, чија што само управна зграда и земјиште под и околу зградата вреди над 10 милиони евра власта сака да го продаде за 200.000 евра, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

АД Славија покрај управната зграда има и голем број на други објекти на атрактивни локации.

Продажбата на АД Славија за 200.000 евра е грабеж на народот.

Изговорот на власта дека се работи за продажба на акции не држи вода. Бидејќи целокупниот број на акции се продава 200.000 евра, а со поседување на акциите се поседува и целокупниот имот чија вредност е сто пати поголема од сумата по која власта сака да го продаде претпријатието со целиот негов имот.

Дали зад оваа продажба по багателна цена се крие фирма и лица блиски до Заеви која треба да стане сопственик на имотот на АД Славија? И дали затоа власта толку жестоко го брани овој криминал?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.