Владата призна, Маричиќ нема НАТО безбедносен сертификат. Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев, по Оливер Спасовски, кој нема НАТО безбедносен сертификат.

Која е причината што Маричиќ и Спасовски немаат сертификати? Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, Владата мора да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат.

Спасовски и Маричиќ наместо да молчат, треба да си дадат оставка. Одговорност веднаш велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.